Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Дали треба да вложите повеќе или помалку напор кога сакате да симнете некој килограм? Според вашиот хороскопски знак, дознајте дали сте меѓу оние кои може тоа да го направат лесно или ќе треба малку да се помачите:

Овен

Припадниците на овој знак диетата ја започнуваат со многу елан, но ако вагата не ги покаже брзо посакуваните резултати, спремни се да се откажат. Сакаат да се изгладуваат, но така само си прават јо-јо ефекти. Најдобро е во исхраната да внесат помали меѓу оброци кои немаат навика да ги практикуваат, а особено им помагаат грејпфрутот и зелениот чај. Бидејќи обожаваат слатки, не треба да се откажат од нив, за да не бидат нервозни, туку да се фокусираат на здрави слатки.

Бик

На припадниците на овој знак им е потребно повеќе време за воопшто да се одлучат за диета. Сепак, откако ќе соберат доволно волја, упорни се и слабеат бавно, но сигурно. Се препорачува да јадат повеќе јаболка, но и зачини како кари и чили кои ќе ги го забрзаат нивниот бавен метаболизам. Житариците, како и јогуртот, се одличен избор за појадок, а слатките треба да ги избегнуваат.

Близнаци

Близнаците се во состојба ништо да не јадат цел ден, а навечер да јадат три часа без престан. Тие, како и овните, би требало да практикуваат повеќе ужинки, а кафето да се заменат со чај. Многу е важно да јадат варива.

Рак

Припадниците на овој знак обично сакаат да готват и да јадат, па диетата тешко им паѓа. Склони се кон брза храна, која треба да се избегнува. Хронично им недостасуваат витамини во организамот, па треба да ги надоместат со овошје, особено јаболка, мандарини и портокали. Белиот леб не им одговара, но ако се решат на диета, најважно е да бидат истрајни во првите денови, особено кога се под стрес бидејќи често храната ја користат како утеха.

Лав

Лавовите сакаат добра храна и пијалоци, но ретко имаат проблеми со килограмите, бидејќи знаат да се контролираат. Тие знаат дека лесно килограмите „се лепат“ за нив, па се контролираат максимално. За среќа, тие се еден од знаците кои имаат брз метаболизам, па најчесто доволно е само да почнат со физичка активност. Совет плус е да конзумираат јаткасти плодови.

Девица

Девиците се многу дисциплинирани и ако ги предизвикате на слабеење, верувајте тоа ќе го постигнат брзо, па ако треба и ќе гладуваат. Особено им пречат месните преработки и јадењата кои се подготвени со маснотии, а одлично им годи домашно подготвената храна. Повеќе прошетки не се на одмет.

Вага

Припадниците на овој знак се едни од оние на кои диетите им паѓаат навистина тешко. Не сакаат ограничувања, тестирање на карактер или гладување. Така, кога се на диета знаат да потклекнат уште првиот ден, а најпаметно што може да направат е да почнат да вежбаат со пријателите, бидејќи тие ги тераат на акција. Во своето мени треба да воведат повеќе јогурт, риба, интегрален ориз и супа.

Скорпија

Скорпиите ретко се на диета, но ако тоа го направат одлично се придржуваат. Обично се многу предани на работата и на разни задачи, па прескокнуваат оброци во првиот дел од денот, што им е најголема грешка. Ако се одлучат на диета, задолжително треба да појадуваат, а останатите оброци да се состојат од поголеми количини на целер, брокула и житарици. Исто така одличен избор за нив е посното сирење.

Стрелец

Стрелците се знак кој ќе мора да се помачи малку за да намали во килограми. Тие тешко можат да одолеат на кекси, грицки кои останатите им ги нудат. За диетата да им биде успешна, важно е да внесуваат витамин Ц, лук и салати. Потешко ќе слабеат доколку истовремено не вежбаат, бидејќи нивните откажувања се премали за сами по себе да се забележат на вагата.

Јарец

Припадниците на овој знак се како Девиците, многу дисциплинирани. Сами си одредуваат период во кој може да се опуштат и малку да се здебелат, како и период на слабеење. За нив прашањето за идеална тежина пред се значи здравје, а најдобро е во својата исхрана да внесат супи од зеленчук, туна и свеж зеленчук. Може да си дозволат и нешто слатко, но повремено. Најголем непријател им се тестенините и калоричните сосови.

Водолија

Водолиите немаат проблеми со диетите, но има правила во исхраната кон кои треба да се придржуваат. Не сакаат планирање, купување намирници и комбинирање на храна, а најважно за нив е при изборот на храна да отфрлат сè што е калорично. Тоа особено се однесува на чипсови и алкохол во кој знаат многу да уживаат.

Риба

Рибите се склони кон прејадување и дебелеење, а најдобар начин да започнат диета е детоксикација со чаеви, зеленчук, овошје и чисто место. По седум дена чистење на организмот од токсини, пожелно е постепено и во мали количини да воведуваат јаглехидрати кои најмногу ги дебелеат. Диетите тешко им паѓаат, а најлесно им е кога имаат друштво во диетата и кога некој постојано ги охрабрува.

Прочитај повеќе вести:

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

 

Преземено од Прес24

10 Коментари

  1. Pingback: Сакате тестенини но не и да накачите килограми? Ова е решението за вас – Gotvi.mk

  2. Pingback: Тестенини на милион начини: Запечени јуфки со павлака – Gotvi.mk

  3. Pingback: Многу добра вест! Тестенините помагаат во слабеење – Gotvi.mk

  4. Pingback: Тестенините не дебелеат! Ако не верувате, имаме добар рецепт за вас – Gotvi.mk

  5. Pingback: Рецепт за тестенини со сос од сланина – Одлично оди со чаша црвено вино – Gotvi.mk

  6. Pingback: Двете омилени јадења на сите генерации соединети во едно: Пица макарони – Gotvi.mk

  7. Pingback: Трик кој го олеснува животот: Овие намирници ја заменуваат четката за заби – Gotvi.mk

  8. Pingback: Предлог ручек за денешното мени: Пилешко со брокула – Gotvi.mk

  9. Pingback: ОВОЈ ЧАЈ ПРЕДИЗВИКА ГЛОБАЛНО ЛУДИЛО: Три чаши дневно и губите килограми! – Gotvi.mk

  10. Pingback: ЛЕСНО И БРЗО: Пилешко месо со шампињони – Gotvi.mk

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*