Вртена домашна пита по најдобар рецепт

Вртена домашна пита по најдобар рецепт

Вртената пита е специјалитет кој сите го обожаваат. Доволно е само да ја погледнеш фотографијата и колку и да си најаден ти се отвора апетит 🙂 Еве го Gotvi.mk рецептот:

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 2,5 дл вода
  • 1 квасец
  • малку сол
  • фил: урда/зелка/праз/спанаќ

Начин на готвење:

  1. Се замесува тесто од кое се прават 7 топчиња.
  2. Од секое се сука кора и се премачкува со маргарин или маст.
  3. Оставете ги да отстојат 25 минути и потоа тегнете ги една по една.
  4. Секоја кора се попрскува со масло и се става урда/праз/зелка/спанаќ по желба и се витка во ролна.
  5. Се редат вртејќи ги една до една во плех и се попрскуват со масло.
  6. Вртената пита се пече околу половина час на температура од 200 степени.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Турски специјалитет – рецепт за вртена пита со месо и компири

Брза пита

Пита со спанаќ

Домашна пита со праз и сирење

Пита со сирење од готови кори

Мафин пита со јаболка

Пирош пита

 

Фото: Ресторан Амор – Кочани