Телешко месо во сос од буковка

Телешко месо во сос од буковка

Ова главно јадење навистина има одличен вкус. Продолжуваме со рецептите од фаранцуската кујна подготвени од Шеф Marc De Jongh за време на часовите по готвење во рамки на проектот Кулинари.

Состојки за една порција:

  • 200 гр телешка кременадла
  • 50 гр буковка печурка
  • 100 мл неутрална хопла
  •  1 чешне лук
  • 1 лажичка сенф
  • 100 мл масло за целото јадење
  • 50 мл коњак
  • 120 мл бело вино
  • сол и црн бибер по вкус
  • За подготовка на ова јадење потребни ви се и тава за пржење и тава за печење.

Начин на готвење:

  1. Во загреана тава со масло за јадење го пропржувате телешкото од двете страни за да добие боја, потоа во тава го ставате да се пече 10 минути во преедходно загреана рерна на 180 степени.
  2. Буковката ја сечкате на ленти, а лукот на крукчиња. Во тавата каде предходно го пржевте месото, додавате масло за јадење (доколку е потребно) и ги пропржувате буковката и лукчето.
  3. Откако ќе се испржат печурките и лукчето го додавате коњакот, а потоа и сенфот, хоплата, зачинувате со сол и бибер по вкус.

Сервирајте со полнети тиквици и рости од компир.

На здравје!

Повеќе информации за часовите за готвење во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“ прочитајте тука: http://gotvi.mk/2016/04/28/naucete-da-gotvite-so-profesionalni-gotvaci/. За начинот на пријавување на часовите по готвење кои се одржуваат во средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“ повеќе детали прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Салата со рукола и пилешко

Полнети тиквици

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула