Печена пица палачинка

Печена пица палачинка

Ани вели дека ја приготвува оваа палачинка многу често кога ќе и се најават гости, особено пријателите кои ја обожаваат. Се прави многу брзо и едноставно, а доколку се изеде, лесно се прават повеќе. И тоа додека прави муабет со гостите 🙂

Состојки:

  • 7 лажици брашно
  • 3 јајца
  • 300 мл млеко
  • 125 гр путер
  • 200 гр павлака
  • 200 гр шунка
  • 200 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Ги матиме јајцата, брашното и млекото сé додека не добиеме густина за смеса за палачинки.
  2. Во голем плех се става путерот и се загрева во загреана рерна на температура од 180 степени додека целосно не се растопи.
  3. Ја додаваме смесата на загреаниот и растопен путер. Печеме околу 20 минути на истата температура. Ја вадиме палачинката од рерната и ја оставаме малку да се олади.
  4. Филуваме со павлака, парчиња кашкавал и шунка. Потоа ја ролуваме во форма на голема палачинка, сечеме на парчиња и сервираме во украсна чинија. За овој рецепт Ани употребила шунка на Пекабеско и павлака Пекабела. Вели, така комбинацијата на вкусови е совршена 🙂

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Топ 10 Gotvi.mk рецепти со палачинки

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди