Полнети тиквици

Полнети тиквици

Од француската кујна, а по неодоливо вкусен рецепт на Шеф Marc De Jongh ги издвојуваме полнетите тиквици. Овој специјалитет беше подготвен за време на часовите по готвење во рамките на проектот Кулинари.

Состојки:

  • Половина тиквица (средна големина)
  • 4 шери домати
  • Сол и бибер по вкус

Состојки за фил за полнење на тиквиците:

  • 100 гр модар домат
  • 2 чешниња лук
  • сол по вкус
  • 50 мл масло за јадење

За подготовка на овој прилог за главно јадење потребно ви е и тава, сад за печење и блендер.

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците ги сечете на долги правоаголници (со должина од 5 сантиметри) и со лажица вадите половина од средишниот дел, а потоа ги ставате во тава за печење заедно со шери доматите, малку вода, сол и бибер по вкус.
  2. Ги печете 10 минути во предходно загреана рерна на 180 степени.
  3. За филот потребно е модриот патлиџан, лукот и кромидот со малку масло за јадење и сол да се изблендираат. Смесата за фил ја пропржувате на загреана тава со малку масло за јадење. Тиквиците ги полните со филот и одозгора ги ставате шери доматите.

Добар апетит!

Повеќе информации за часовите за готвење во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“ прочитајте тука: https://gotvi.mk/2016/04/28/naucete-da-gotvite-so-profesionalni-gotvaci/. За начинот на пријавување на часовите по готвење кои се одржуваат во средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“ повеќе детали прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт