Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус

Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус

Вистински деликатес и омилен појадок за многумина. Комбинирајте го со солено или слатко, како ви одговара. Во секој случај мирисот кога се подготвуваат и нивниот вкус се неодоливи 🙂

Состојки:

  • 1 леб
  • 5 јајца
  • млеко
  • масло за готвење
  • сол

Начин на готвење:

  1. Јајцата се ставаат во посебен сад и се матат со вилушка.
  2. Додаваме сол и половина чаша млеко по вкус.
  3. Лебот го сечеме на парчиња.
  4. Секое парче убаво го потопуваме од двете страни во смесата со јајца и го ставаме да се пржи на загреано масло.
  5. Пржиме од свете страни додека не поруменат.

Готви со љубов и уживај во храната!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Викенд кајгана со сланина

Брза похована даска кога ќе се најават гости

Направете вкусен појадок

Вкусен и свеж појадок – омлет со сирење

Брзо мезе за ненајавени гости

Подготвувате детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

Свежа салата со тестенини

Поховани зденки

singlepost_text