Фантастична и несекојдневна слатко – солена комбинација по рецепт кој ни го испраќа Матеа. Се прави многу брзо, а вкусот е одличен, така што задолжително направете го ова неодоливо јадење.
Состојки:
- 1 ананас
- кромид
- лук
- пилешки стек
- 2 јајца
- ориз
- соја сос
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Загрејте голема тава и ставете малку од маслиновото масло.
- Додадете кромид и лук претходно ситно исечкани. Пржете ги во тавата неколку минути.
- Додајте го свежото пилешко месо и пропржете го. Откако ќе е готово направете простор во тавчето и додадете ги јајцата.
- Откако ќе се испражат јајцата, иситнете ги на мали парчиња и измешајте ги со пилешкото месо во тавчето.
- Додадете малку ориз и соја сос. Гответе неколку минути додека оризот да омекне.
- Издлабете го ананасот како на фотографијата. Издлабениот дел што се јаде исечкајте го на парчиња и ставете го во тавата.
- Промешајте неколку пати и наполнете го ананасот со добиената смеса.
Гответе со љубов и секогаш бидете креативни во кујната 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепети:
Посна чорба која е неодоливо вкусна
ВИДЕО: Ги пресече доматите на пола и за неколку минути направи неодолив специјалитет
Специјалитет: Похoван и печен пилешки стек
Шлаг од јагоди – вистински пролетен специјалитет
Јапонски специјалитет – Сашими со димен лосос
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет