Брза похована даска кога ќе се најават гости

Брза похована даска кога ќе се најават гости

Викенд дружењата почнуваат. Ако ви се најават гости, еве ја Gotvi.mk препораката за брза похована даска која одлично оди со пиво.

Состојки:

  • пирошки
  • зденки
  • пилешки нагети (chicken nuggets)
  • крокети од компир
  • тартар сос
  • barbeque сос
  • холандски сос
  • лутеница
  • јајца
  • презла

Начин на подготовка:

  1. За да добиете на време пирошките, нагетите и крокетите купете ги спремни за поховање.
  2. Пржете ги во тавче со загреано масло додека не поруменат.
  3. Зденките убаво поминете ги во сад со изматени јајца, па потоа во презла и пржете ги додека не добијат румена боја.

Сервирајте со лутеница, тартар, barbeque и холандски сос. Холандскиот сос направете го како комбинација од мед и сенф по ваш вкус.

Уживајте во овој деликатес кој е одличен во комбинација со пиво 🙂

Прочитај повеќе:

ФОТО: Традиционална македонска даска

Омилената даска за мацкање на Влатко

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзо мезе за ненајавени гости

Највкусни интегрални грисини

singlepost_text