ВИДЕО рецепт: Нискокалоричен чоколаден сладолед

ВИДЕО рецепт: Нискокалоричен чоколаден сладолед

Сладолед кој се прави со 3 состојки и многу брзо. Нема додавање на шеќер, ниту млеко, а овој специјалитет ќе го правите буквално цело лето. Еве го рецептот на Ивана:

Состојки:

  • 3 замрзнати банани
  • какао
  • 1 екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги бананите и ставете ги во кеса за замрзнување, а потоа во замрзнувач. Потребно е да отстојат 2 часа.
  2. Ставете ги замрзнатите банани во блендер или сецко.
  3. Купете какао кое е високо квалитетно со цел да добиете подобар вкус. Ивана користи органско какао. Ставете од какаото количина според вашиот вкус. Секако, не претерувајте 🙂
  4. Во блендерот сипете го и екстрактот од ванила.
  5. Ви требаат само уште неколку минути блендирање и сладоледот може да го послужите.

Повеќе детали погледнете во видеото:

Уживајте на топлото време 🙂

Повеќе видеа со кулинарски рецепти, совети и трикови погледнете тука

Прочитајте повеќе Gotvi.mk совети и рецепти:

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Седумдневна диета со вашата омилена храна

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

Чиа пудинг

Вафли за заљубени

 

ФОТО: Sugarfreemom.com