Таљатели со зеленчук

Таљатели со зеленчук

Таљателите со зеленчук имавме прилика да научиме како се приготвуваат заедно со Шеф Ацо Божиновски од реномираниот ресторан Ла Тераца за време на часовите по готвење во рамките на проектот Кулинари.

Состојки:

  • 160 гр таљатели
  • 25 гр модар домат
  • 25 гр тиквици
  • 25 гр шери домати
  • 25 гр морков
  • 25 гр зелени пиперки
  • 25 гр црвени пиперки
  • 100 мл маслиново масло
  • 3 чешниња лук
  • сол и бибер по желба
  • 2 листа жалфија

За подготовка на ова јадење потребни ви се и: длабока тава, сад за варење, лупалка за зеленчук и овошје.

Начин на готвење:

  1. Прво го подготвувате зеленчукот: лукот го сечете на крукчиња, пиперките на коси парчиња, ги сечкате кромидот, тиквичките и модриот патлиџан ги сечкате на покрупни парчиња. Шери доматите ги сечете на половина. Морковот го чистите и потоа со лупалка го лупите на тенки листовидни парчиња. Листовите од жалфија ги сечкате на половина.
  2. Ги ставате таљателите во претходно зовриена вода, додавате прстофат сол и ги варите алденте т.е тестенините треба да бидат средно сварени. Откако ќе бидат готови, ги процедувате и ги тргате настрана во посебен сад.
  3. Се загрева масло за јадење во тава, ги додавате лукот и кромидот и посолувате. Ги додавате пиперката, тиквицата и модриот домат и пржите се додека не омекнат модриот домат и тиквицата. Потоа се додава морковот и посолувате. Пржите сè додека не омекне морковот, а потоа ги додавате и листовите од жалфија и тестенините.
  4. Промешувате, ги додавате шери доматите и една кутлача од водата во која се вареа тестенините. Мешате се додека не испари течноста од тавата.
  5. Сервирајте во длабока чинија, а декорирате по избор. Најдобро е декорацијата да биде составена од некоја состојка што веќе е содржана во јадењето.

Добар апетит 🙂

Повеќе информации за часовите за готвење кои се одржуваат во средното угостителско училиште „Лазар Танев“, а во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“ прочитајте тука: http://gotvi.mk/2016/04/28/naucete-da-gotvite-so-profesionalni-gotvaci/. За начинот на пријавување на часовите по готвење повеќе детали прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести и рецепти:

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Свежа салата со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос