Рецепт за единствените Макаронс колачи

Рецепт за единствените Макаронс колачи

Макаронс се француски колачиња кои стекнаа голема популарност во светот. Рецептот за Макаронс колачињата е многу едноставен.

Состојки:

  • 3 белки
  • 130 гр бадемово брашно или мелени бадеми
  • 200 гр шеќер во прав
  • 80 гр шеќер
  • 1 екстракт од ванила
  • малку сол
  • боја за колачи и торти во прав

Пред да почнете со подготвувањето на Макаронс, извадете ги јајцата од ладилникот и оставете ги на собна температура 24 часа.

Ако не можете да најдете бадемово брашно, тогаш сомелете бланширани бадеми, важно е бадемите да немаат лушпа.

Начин на подготовка:

  1. Одвоете ги жолчлките од белките. Еве како тоа најлесно да го направите: https://gotvi.mk/2016/05/11/nema-da-vi-se-veruva-eve-kako-da-odvoite-zolcka-od-belka/ Соединете ги бадемовото брашно и шеќерот во прав додека да добиете точно 330 грама.
  2. Во прикладен сад ставете ги белките и додадете малку сол. Матете со помала брзина за да можете да ја следите густината на белките, потоа постепено додавајте шеќер. Кога белките ќе добијат мека цврстина можете да го додадете екстрактот од ванила и бојата. Матете уште малку за сето тоа да се изедначи.
  3. Потоа додадете ги бадемите и шеќерот. Полека мешајте додека сето тоа не се соедини.
  4. Смесата ставете ја во слаткарски шриц со округол додаток. Оставете ги на собна температура за да фатат кора.
  5. Се печат на 130 степени помеѓу 12 и 15 минути.

Состојки за фил:

  • 3 жолчки
  • 2 лажици шеќер
  • 40 гр бело млечно чоколадо
  • 45 гр путер

На пареа згответе ги жолчките, шеќерот и белото чоколадо па во оладениот фил изматете го путерот. Во филот можете да додадете и готварска боја по желба.

Готви со љубов и уживај во храната 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

Чоколадна баклава

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Пржена банана

Топ 10 Gotvi.mk рецепти со палачинки

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено