Плескавица во пица лепче со кајмак

Плескавица во пица лепче со кајмак

Одличен специјалитет на Тоше кој е комбинација од пица лепче и неодолива плескавица со млад кајмак.

Потребни состојки за тесто за пица лепче:

  • 300 гр пченично брашно
  • 1 пакување квасец во прав
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица масло за готвење
  • 200 мл млака вода

Начин на подготовка:

  1. Брашното измешајте го со сувиот квасец, потоа додадете ги и другите состојки и со миксер изматете се додека да добиете тесто.
  2. Тестото покријте го и оставете го на топло место да стасува околу 45 минути.
  3. Попрскајте го тестото со брашно и замесете. Оформете тесто со вдлабнатина.

Состојки за плескавица:

  • 200 гр мелено месо
  • 2 главици кромид
  • зачини (бибер, буковец, оригано, магдонос)
  • 2 лажици презла
  • масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Кромидот исечкајте го на ситни парчиња, додадете го иситнетиот магдонос, презлата, маслото и сите останати зачини.
  2. Оваа мешавина додадете ја на меленото месо и убаво замесете смеса. Оставете ја смесата во фрижидер да отстои неколку часа.
  3. Потоа оформете ја плескавицата и ставете ја да се пржи на тивок оган.
  4. Во оформеното пица тесто ставете ја плескавицата, премачкајте ја со кајмак и оставете ја да се пече на температура од 180 степени додека да се испече тестото.
  5. На крај сервирајте со гарнир од зеленчук, а препорака на Тоше е тоа да биде компир или варена брокула и морков.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Селско месо по едноставен рецепт

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња на шведски начин

Домашен чизбургер

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Макарони болоњезе

Ќофтиња во доматен сос

Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава

singlepost_text