Чоколадна баклава

Чоколадна баклава

Баклавата е едно од најомилените јадења на многумина. Но, кога станува збор за чоколадната баклава, сите ќе побараат парче повеќе 🙂 Прочитајте го рецептот на Јасмина Георгиевска:

Состојки:

  • 800 гр кори за баклава
  • 300 гр мелени ореви
  • 1 рендано чоколадо
  • 2 лажици какао
  • 1 маргарин
  • масло за готвење

Начин на подготовка:

  1. Првата кора се прска со масло за готвење и врз неа се става втората кора. Истото се повторува и со третата кора.
  2. Откако ќе ја попрскате и третата кора со зејтин, се реди филот од ореви, чоколадо и какао.
  3. Корите со фил се виткаат во ролат и се сече на парчиња.
  4. Истото се повторува со сите кори.
  5. Откако ќе се наредат парчињата во тава, се полеваат со растопениот маргарин.
  6. Се пече на 180 степени околу 20 минути.
  7. Откако ќе се испече баклавата, се попарува со оладениот шербет и се враќа назад во исклучената, но загреана рерна, додека истата не се олади заедно со баклавата (затоа се препорачува баклавата да се направи една вечер претходно и да се остави да се олади до следното утро).
  8. Оладената баклава наредниот ден се прелива со растопено чоколадо која се прави од чоколадо за готвење и малку масло за готвење.

Состојки и начин на подготовка на шербетот:

  • Во сад се топат 800 гр шеќер со 600 мл вода.
  • Се остава шербетот да се олади.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта