Полнети печурки по најдобар рецепт

Полнети печурки по најдобар рецепт

Полнетите печурки се многу вкусно предјадење, а особено ако го имате овој Gotvi.mk рецепт 🙂

Состојки:

  • 750 гр печурки (големи шампињони)
  • 3 млади кромитчиња
  • 2 чешниња лук
  • 250 гр шунка
  • 150 гр кашкавал
  • 100 гр павлака
  • 1 јајце
  • магдонос
  • пармезан
  • масло за готвење
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Одете во најблискиот маркет и одберете ги најголемите шампињони кои се продаваат. Ако не можете да бирате, земете запакувани, секако ќе успеете да ги наполните.
  2. Исчистете ги шампињоните со четка бидејќи така е правилно. Да бидеме искрени, ние ги измивме, што ги направи малку набабрени, но секако беа исклучително вкусни 🙂
  3. Извадете им ги дршките кои потоа ќе ги исчкате на ситни коцки.
  4. Во сад со масло за готвење кратко пропржете ги претходно ситно исечканите лук и млад кромид. Додадете ја шунката ситно исчканата на коцки, како и иситнетите дршки од печурките и пропржете уште кратко. За овој специјалитет ние употребивме Пекабеско шунка.
  5. Тргнете го тавчето од оган и оставете ја смесата да се олади. Ставете ја во длабок сад.
  6. Додадете го јајцето, кашкавалот исечкан на ситни коцки, Пекабела павлаката и магдоносот. Мешате додека да добиете компактна смеса.
  7. Печурките ги полните една по една со добиената смеса. Најодозгора секоја печурка ја посупувате со пармезан и ја редите во тава за печење на која е поставена хартија за печење.
  8. Печете околу 25 до 30 минути на температура од 180 степени.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

Пијани печурки

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Динстано телешко со печурки

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Брзо и посно: Печурки со сусам

Мусака со печурки

Печурки во бел сос