Свежа салата со тестенини

Свежа салата со тестенини

Кога ќе поканите гости, а сакате да ги изненадите со нешто многу вкусно и истовремено прекрасно на изглед, оваа свежа салата е вистинскиот избор.

Состојки:

  • 2 листа зелена салата
  • 1 свежа темно зелена пиперка
  • 400 грама тестенини
  • 200 грама пченка
  • 200 гр шунка деликатес
  • 200 гр кашкавал
  • 50 гр павлака
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Тестенините сварете ги според упатството на кесичката. Истото направете го во посебен сад со замрзнатата пченка.
  2. Зелената салата и пиперката убаво измијте ги. Зелената салата сечкајте ја на мали ленти, а пиперката на ленти или на коцки.
  3. Шунката и кашкавалот исечкајте ги на мали коцки. За овој рецепт ние употребивме шунка деликатес и кашкавал на Пекабеско.
  4. Тестенините исцедете ги и ставете ги во садот за сервирање. Додадете ги сите состојки, освен павлаката и малку промешајте.
  5. Ставете ја Пекабела павлаката и убаво промешајте.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Pad Thai со пилешко

Шпагети со гриловано пилешко и песто сос

Канелони болоњезе

Салата од млад компир и шери домати

Дресинг за Шеф салата

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата