Салата од млад компир и шери домати

Салата од млад компир и шери домати

Ова е салата која брзо се прави и е одлична како предјадење, па дури и цел оброк. Ако постите или се храните вегетаријански задолжително зачувајте го овој рецепт.

Состојки:

  • 1 кг млади компири
  • 20 до 25 шери домати
  • 5 млади кромитчиња
  • маслиново масло за јадење
  • сол и бибер
  • магдонос по вкус

Начин на готвење:

  1. Младиот компир убаво измијте го и исечкајте го на тркалца или четвртинки. Ставете го да се пече во рерна на загреана тава со малку масло за готвење на температура од 180 степени околу 30 минути.
  2. Шери доматите убаво измијте ги и исечкајте ги на половинки.
  3. Младите кромитчиња откако ќе ги измиете и исчистите, исечкајте ги на тркалца.
  4. Ставете се заедно во голем сад за послужување. Додадете ги, маслиновото масло за јадење, зачините и магдонос по желба.
  5. Сервирајте и уживајте во овој мелем за очи и душа 🙂

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња на шведски начин

ВИДЕО рецепт: Еве која е тајната за вкусно домашно ѕаѕики

ВИДЕО: 10 креативни рецепти за кои ви се потребни само компири

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин