Јулија ни испраќа неодолив рецепт за пица лазањи кои за семејниот руќек ги приготвила во Дојран. Таа вели дека тајната се состои во свежите кори и во пелат доматите кои ги користи наместо доматен сос или кечап.
Прочитајте го целиот рецепт:
Состојки за пица лазањите:
- 500 грама свежи кори за лазањи
- 700 грама кашкавал
- 500 грама шунка
- 300 грама печурки
- пелати
Начин на готвење:
- Во голема тава за печење рамномерно нанесете масло за готвење.
- Наредете го првиот слој од корите за лазањи.
- Нанесете слој од пелат доматите, а врз него сечканите печурки, како и тенките парчиња кашкавал и шунка
- Нанесете втор слој од корите за лазањи. Повторете ја постапката со нанесување на пелати, печурки, кашкавал и шунка.
- Повторувајте додека имате кори за лазањи и од други состојки.
- Најодозгора наредете само слој од корите за лазањи.
- Ставете ја тавата да се пече во загреана рерна на 180 степени додека не добијат румена боја.
- Десетина минути пред да ги извадите лазањите, одозгора ставете кашкавал и вратете ги лазањите да се печат во рерната.
Оваа е отприлика количината која е потребна за да направите голема тава лазањи. Доколку сакате да направите помалку, користете сразмерна количина на сите состојки.
Најважно е да биде секогаш направено по ваш вкус, така што самите комбинирајте ги состојките и направете го балансот. Во овој рецепт Јулија употребила Пекабеско шунка.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти: