ВИДЕО рецепт: Ќофтиња на шведски начин

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња на шведски начин

После рецептот за компир на шведски начин, овие ќофтиња се уште еден доказ за превкусната скандинавска кујна. Еве како да го приготвите:

Состојки за ќофтињата:

  • 2 лажици путер
  • 1/2  ситно сечкан кромид
  • 1/4 шолја млеко
  • 2 јајца
  • 1/3 шолја презла
  • 1 лажица црн пипер
  • 1/4 лажичка морско оревче
  • 1,5 лажички сол
  • чили
  • 900 грама мешано мелено месо

Состојки за сосот:

  • 2 лажици путер
  • 3 лажици брашно
  • 3 1/4 шолји бујон од говедска супа
  • 1/2 шолја слатка павлака / хопла
  • 1/2 лажици шеќер
  • 1/4 лажица Форчестер сос
  • сол и бибер по вкус

Начин на готвење:

  1. Направете ја смесата за ќофтиња и оставете ја да отстои во фрижидер 1 час.
  2. Во меѓувреме направете го сост и ставете го на оган да се згусне.
  3. Извадете ја смесата од фрижидер и направете мали ќофтенца. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени околу 20 – 25 минути. Печените ќофтиња ставете ги во тенџерето со сосот и оставете ги на тивок оган додека не примат од сосот.

Повеќе детали погледнете во видеото:

Погледнете повеќе видеа со кулинарски рецепти, совети и трикови овде

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text