Пица на два ката

Пица на два ката

Нова мајсторија од кујната на Ана. Навистина вкусен и креативен рецепт, а најголемата предност е што балансот на состојките го правите самите, по вкус 🙂

Ако сакате да биде повеќе на сувомеснато, така направете го. Доколку сакате да е повеќе свежо ставете повеќе доматен сос и пире од брокула. Секако ќе уживајте во оваа двоспратна пица!

Состојки за пире од брокула:

  • 200 гр брокула
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • сол
  • црн бибер

 

Брокулата се обарува со еден кромид и три лукчиња. Се пасираат во посебен сад за пржење, се посолува и се става бибер по вкус. Пропржувате 5 до 10 минути додека да се згусне и соедини во форма на пире.

Состојки за пицата:

  • тост лепчиња
  • моцарела или кашкавал
  • кечап или доматен сос
  • шунка
  • сува печеница
  • босилок
  • лук во прав

Начин на готвење:

  1. Тост лепчињата се редат на намачкана тава.
  2. Се премачкуваат со претходно направеното пире од брокули, а врз него се редат парчињата моцарела или кашкавал.
  3. Се става уште еден ред тост лепчиња. Се премачкуваат со кечап или доматен сос, па се редат тенко исечканите парчиња шунка и сува печеница. Ана употребила шунка и сува печеница на Пекабеско во приготвувањето на овој рецепт.
  4. На крај повторно наредете моцарела и малку босилок и лук во прав по вкус.
  5. Се пече околу 15 минути во загреана рерна на температура од 200 степени.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Рецепт за пица која не се пече во рерна

3 брзи видео рецепти за пица

Домашна пица капричиоза

Посна пица

Вистински пица деликатес

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Ултра брзи пица мафини

Пица а ла Бица