Мултиколор салата + предлог за дресинг

Мултиколор салата + предлог за дресинг

Шаренило од бои, состојки и вкусеви. На крајот добивате одлична и здрава свежа салата. Еве што ви е потребно да ја направите оваа салата по рецепт на Сања:

Состојки:

  • зелена салата
  • пченка варена
  • рендан пашканат
  • рендан морков
  • рендано цвекло
  • пармезан
  • маслинки
  • сол
  • маслиново масло
  • сок од цеден лимон

Начин на подготовка:

  1. Зелената салата убаво измијте ја и потоа исечкајте ја по желба. Еве како: http://gotvi.mk/2016/04/29/eve-kako-treba-pravilno-da-se-mie-zelenata-salata/
  2. Пченката сварете ја според упатството на кесичката. За оваа салата Сања употребила замрзната пченка на Пекабеско.
  3. Маслинките исечкајте ги на тркалца или доколку се со семки, извадете ја семката и исечкајте ги на мали парчиња.
  4. Направете ја комбинацијата на салатата и балансот на состојките по ваш вкус. Најодозгора зачинете, додадете малку маслиново масло и сок од цедел лимон, како и дресинг.
  5. Намазот или дресингот е комбинација од павлака, сирење и босилок. Уживајте во миксањето и добиената комбинација на дресинг од овие состојки.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки