Дресинг за Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Ако прашате, многумина ќе ви кажат дека најважното кога во некој ресторан порачуваат салата е вкусот на дресингот.Ви откриваме неодоливо вкусен рецепт за дресинг за Шеф салата приготвен по рецепт на Шеф Александар Божиновски од ресторанот Ла Тераца, а кој беше подготвен за време на часовите по готвење во рамките на проектот Кулинари.

Состојки:

  • 100 гр мајонез
  • 1 лажица коњак
  • 2 лажици бело вино
  • 1 лажица балсамико
  • сол
  • црн бибер

Сите состојки ги ставате во сад за мешање според горенаведениот редослед. Мешајте убаво додека смесата не стане компактна. Зачините ги ставате според желба и вкус.

На здравје!

Инаку, за време на часовите по готвење кои се реализираат месецов во средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“, Шеф Александар Божиновски ни откри дека по неговото враќање од Италија за прв пат ја воведува Шеф салатата во менито на реномираниот ресторан Балканика. Денес, оваа салата е многу популарна и ја има во менијата на речиси сите ресторани ширум Македонија.

Повеќе информации за часовите за готвење во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“ прочитајте тука: http://gotvi.mk/2016/04/28/naucete-da-gotvite-so-profesionalni-gotvaci/. За начинот на пријавување на часовите по готвење повеќе детали прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Шеф салата

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Свежа салата со брокула

Мултиколор салата + предлог за дресинг