Торта со јагоди

Торта со јагоди

Секој од нас има две опции: да ужива во вкусот на сезоната на јагоди или да ја пропушти. Ани ни праќа одличен рецепт и фотографија за неодолива торта која дефинитивно ќе ве натера максимално да ја искористите сезоната на јагоди. Уживајте 🙂

Состојки:

  • 2 кг јагоди
  • 500 гр бисквити
  • 2 л млеко за варење
  • 5 јајца
  • 500 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 гр густин

Начин на готвење:

  1. Се мијат и чистат јагодите и се оставаат во цедалка за да се исцедат
  2. Млекото се става да се свари, а во него се додава половина (250 гр) од шеќерот.
  3. Јајцата ги кршиме и одделуваме во различни садови белките од жолчките. Прочитајте како ова најлесно да го направите: http://gotvi.mk/2016/05/11/nema-da-vi-se-veruva-eve-kako-da-odvoite-zolcka-od-belka/
  4. Ги матиме жолчките заедно со густинот и додаваме постепено 50 мл ладно млеко додека не добиеме хомогена смеса.
  5. Кога млекото ке зоврие и малку ќе се згусне, вадиме од него и постепено додаваме во зделата со жолчките матејќи со миксер.
  6. Потоа смесата ја враќаме во тенџерето со млеко и матиме со лажица на тивок оган се додека не се згусне и се добие крем.
  7. Белките се матат со останатата половина (250 гр) од шеќерот додека добиеме шлаг како цврст снег.
  8. Во тава се реди по следниов редослед: бисквити, потоа се става жолтиот крем, а над него се редат јагодите. Постапката се повторува уште еднаш.
  9. На крај се мачка шлагот од белките, а може најодозгора да се изренда и чоколадо по желба.
  10. Тортата се остава во фрижидер да отстои неколку часа по што може да се сервира.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта