Сутлијаш со шумско овошје

Сутлијаш со шумско овошје

Ако уживате во јадењето на сутлијаш, овој рецепт е одличен за вас:

Состојки:

  • 1 литар млеко
  • 200 мл вода
  • 1,5 шолји ориз
  • 15-16 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица масло за готвење
  • рендана кора од лимон (по желба)
  • сезонско и егзотично овошје

Начин на готвење:

  1. Млекото се става во сад за варење.
  2. Се додава шеќерот, ванилиниот шеќер и маслото за готвење.
  3. Се вари додека не зоврие.
  4. Во меѓувреме оризот го миеме и го враќаме во шолјата малку да набабри.
  5. Кога ќе зоврие млекото се додава набабрениот ориз.
  6. Вариме околу 1 час на тивок оган. Повремено промешуваме за да не загори. Доколку во текот на варењето сутлијашот почне премноги да се згуснува, додаваме 200 мл вода и продолжуваме со варењето.
  7. Чашите за послужување ги миеме и ги оставаме влажни. Во нив го сервираме сутлијашот.
  8. Додаваме цимет, а украсуваме со сезонски и егзотични овошја или слатко по вкус.

За побогат вкус во текот на варењето можете да додадете и рендана кора од лимон.

Предлогот за сервирање на Ана: на дното ставете марципан и кандирано овошје по желба. Врз тоа, ставете го сутлијашот, а најодозгора по една капина, малина и боровинка.

Готви со љубов и уживај во храната 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Егзотичен сутлијаш

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта