Домашен чизбургер

Домашен чизбургер

Највкусно е кога е направено дома. Тоа е затоа што никој подобро не го познава вашиот вкус, отколку ви е самите. Задолжително прочитајте го овој многу вкусен рецепт на Ана за домашен чизбургер.

Состојки за домашно ќофте:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 рендан кромид на најситна страна од рендето
  • 1 рендан морков
  • 3 чешниња рендан лук
  • една рака презла
  • 1 јајце
  • 1 сечкано младо кромитче (само зелениот дел)

Состојки за 1 чизбургер:

  • 1 земичка
  • 1 парче италијанска салама
  • 1 парчиња кашкавал
  • 1 парче топено сирење

Начин на подготовка:

  1. Домашното ќовте направете го според Gotvi.mk рецепт кој можете да го прочитате тука.
  2. Земичката поделете на на 2 половинки. На долниот дел размачкајте го топеното сирење / зденка.
  3. Одозгора ставете ја саламата, па кашкавалот и врз нив домашното ќофте. По вкус можете да додадете кечап, мајонес или сенф.
  4. Најодозгора покријте со горниот дел од земичката.
  5. Наместо со компири, Ана, овој неодоливо вкусен чизбургер го сервира со зеленчук на скара – модар патлиџан, тиквичка, пиперка и печурки шампињони.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

СОВЕТ: Како да направите добра маринада за скара на жар

9 совети за вкусна и сочна скара

Зеленчук на скара

singlepost_text