Кога се наоѓате во брзање бидејќи за неколку часа ви доаѓаат гости, погледнете го овој брз и вкусен рецепт за слатко – солени ражници на кои досега ретко кој им одолеан.
Потребни ви се 5 состојки и тоа: суви сливи, сува смоква, кашкавал, бадем, сланина.
Во внатрешноста на сувата слива и смоквата ставете мало парче кашкавал и бадем. Убаво завиткајте ги во тенко парче сланина. Ставете го на стапче за ражнич. Повторете ја постапката.
Ражничите ставете ги во тава и врз нив нанесете рузмарин. Печете во претходно загреана рерна на 250 степени околу 10 минути, односно додека сланината да се стопи.
Повеќе детали погледнете во видеото:
Повеќе видеа со кулинарски рецепти, совети и трикови прочитајте тука
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Брза даска кога ќе ви се најават гости
ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)