Полнет компир по наједноставен рецепт

Полнет компир по наједноставен рецепт

Денеска, во вистинска смисла на зборот времето вреди многу пари. Затоа, Gotvi.mk предлага рецепт кој буквално ќе го направите за 5 минути. Останатото е печење во загреана рерна, а вие во меѓувреме ќе си завршите некоја друга работа 🙂

Состојки

  • 4 компири
  • 100 гр шунка
  • 100 гр кашкавал
  • 200 мл павлака
  • зачини по вкус

Начин на подготовка:

  1. Компирите ги лупиме и убаво ги миеме. Вдлабнуваме 3 помали дупчиња на секој компир кои ќе ги употребиме за полнење на компирот.
  2. Шунката и кашкавалот ги рендаме или сечкаме на коцки – како што ви е полесно. Ги ставаме во сад и ја додаваме павлаката. Мешаме додека смесата не стане компактна. Ние употребивме шунка и кашкавал на Пекабеско и павлака Пекабела.
  3. Рамномерно го полниме секое дупче со смесата. Ставаме да се пече во подмачкан плех со масло за јадење во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

ВИДЕО: 10 креативни рецепти за кои ви се потребни само компири

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

Печен млад компир со лукче

ВИДЕО: Како да излупиме лук, јајце, банана и компир за 5 секунди?

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Турски специјалитет – рецепт за вртена пита со месо и компири

Компир тава со кромид и сусам – посен и многу вкусен рецепт