ВИДЕО рецепт: Еве која е тајната за вкусно домашно ѕаѕики

ВИДЕО рецепт: Еве која е тајната за вкусно домашно ѕаѕики

За сите кои уживаат во одличниот вкус на ѕаѕики сосот, ви претставуваме одличен рецепт за да можете ова предјадење да си го приготвите по дома. Одлична летна закуска, а додека уживате во неодоливиот вкус, со мислите секогаш ќе бидете на некоја песочна плажа со многу сонце и морска вода…

Состојки:

  • 1 краставица
  • сол
  • 2 шолји павлака
  • 3-4 чешниња лук
  • сок од свежо цеден 1/2 лимун
  • свеж копар

Начин на подготовка:

  1. Краставицата може да ја излупите или само убаво да ја измиете и оставите со лушпа. Изрендајте ја крупно или исечкајте на многу ситни парчиња.
  2. Ставете ја во посебен сад и додадете 1 лажичка од солта. Оставете ја да отстои околу 15 минути додека да излезе вишокот вода од краставицата.
  3. Павлаката ставете ја во сад за салата. Додајте ја исцедената краставица, а потоа и лукот, исцедениот сок од лимон и малку лута црвена сол. Убаво промешајте.
  4. Исечкајте го копарот во количина по вкус. Доколку сакате можете да употребите нане или магдонос, во зависност од она што повеќе го јадете. Додајте го во ѕаѕикито и повторно убаво промешајте.
  5. Додајте малку сол и црн бибер и измешајте. Покријте го садот со фолија за готвење и оставете го во фрижидер околу 3-4 часа или, пак, цела ноќ.

Повеќе детали погледнете во видеото:

Повеќе видеа со кулинарски рецепти, совети и трикови погледнете тука

Поврзани Gotvi.mk рецепти:

Бујурди – топено сирење

ВИДЕО: Ги пресече доматите на пола и за неколку минути направи неодолив специјалитет

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

ВИДЕО рецепт: Начос со зеленчук

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Малиџано – одличен домашен рецепт