Нудли со зеленчук

Нудли со зеленчук

Билјана, инспирацијата за овој рецепт ја добила во Виена, на Шведенплац, каде вели дека јадела едни од највкусните нудли. Само, овој рецепт е без пилешко месо, па може да го јадат и оние кои постат или се хранат вегетаријански, додава таа.

Состојки:

  • 2 пакувања зеленчукови нудли
  • 200 гр брокула
  • 2 моркова
  • 2 чешниња лук
  • 1 млад кромид
  • 1 лист марула
  • свеж магдонос
  • маслиново масло за готвење
  • 2 лажици соја сос
  • 2 лажици вода
  • зачини по вкус

Начин на готвење:

  1. Морковот и брокулата ги обаруваме. На маслиново масло ги пржиме ситно сецканите лукче и млад кромид. После 1 минута ги додаваме обарените брокула и морков.
  2. Пропржуваме кратко и го додаваме листот ситно сецкана марула. Ги ставаме и водата и соја сосот. Оставме да се крчка околу 5 минути на среден оган.
  3. Нудлите ги вариме според упатството на кесичката. Ги процедуваме и потоа ги додаваме во тавчето со зеленчук и соја сос. Мешаме и оставаме на оган додека не се соединат сите состојки (околу 5 минути).

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Оризови нудли со зеленчук

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Брзи макарони со зеленчук

ВИДЕО рецепт: Начос со зеленчук

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Посно пире од зеленчук

Потаж од зеленчук