„Катица“ торта

„Катица“ торта

За многумина ова можеби ќе звучи како нова торта, но рецептот за Катица торта е многу стар и традиционален. Погледнете како оваа торта ја прави Гордана.

Состојки за тесто:

  • 9 јајца
  • 9 лажици шеќер
  • 9 лажици мелени ореви
  • 1 лажица какао
  • 4 лажици брашно
  • 1 портокал

Јајцата пенесто се матат со 9 лажици шеќер, па потоа им се додаваат мелените ореви, какаото и брашното.

Се пече во тавчето од рерната на 180 степени 20 минути.

Откако ќе се олади се дели на три дела по должина и секој дел се попрскува со сок од еден портокал.

Состојки за фил:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 250 гр путер
  • 250 гр шеќер во прав
  • 5 жолчки
  • 300 гр суво грозје
  • 50 мл рум
  • млеко по потреба
  • чоколадни мрвици
  • неколку јагоди

Directions

  1. Сувото грозје го оставаме во румот околу 30 минути.
  2. Мелените бисквити се мешаат со млекото за да се добие густа каша. Во посебен сад го матиме путерот со шеќерот во прав и жолчките.Потоа ги соединуваме сите состојки и убаво мешаме.
  3. Филот го делиме на 3 еднакви дела.
  4. Откако корите ќе се изладат ја филуваме секоја кора со филот.
  5. На крај наросуваме изрендано чоколадо и декорираме со јагоди.

На здравје!

Поврзани Gotvi.mk рецепти:

Колач со афион

Колач со печени јаболка

Неговото височество: Топло – ладен колач

Вкусни колачи кои се прават без брашно

Куглоф колач

Милиброд по едноставен, а многу вкусен рецепт

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

singlepost_text