ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Многу вкусен специјалитет кој треба да го пробате. Се прави едноставно, а резултатот е нов деликатес од вашата кујна 🙂

Состојки за карамелизиран кромид:

  • 1 голем кромид
  • 5 млади кромитчиња (белиот дел)
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол

Кромидот исечкајте го на тенки парчиња. Младиот кромид (белиот дел) исечкајте го на кругчиња и запржете го со масло и сол додека да се карамелизира.

Состојки за тесто:

  • 500 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 25 гр свеж квасец
  • 5 млади кромитчиња (зелениот дел)
  • 320 мл млака вода

Directions

  1. Измешајте го брашното со исечканите на кругчиња млад кромид (зелениот дел). Измешајте го квасецот со 80 мл од млаката вода и додадете го во брашното и младиот кромид.
  2. Додајте го останатиот дел од млаката вода, како и карамелизираниот кромид.
  3. Заемесете тесто и оставете го да нарасне двојно околу 1 час на собна температура.
  4. Извадете го тестото и ставете го на набрашнета површина. Обликувајте го во форма на векна леб и тавете го во сад за печење (15×25 cm) и оставете го да нарасне дополнителни 30 минути. Опционално, можете да додадете одозгора уште малку од исечканите зелени листови од младите кромитчиња, како и сол.
  5. Ставете го да се пече во загреана рерна на температура од 240 степени. Одоздола, во рерната ставете сад за печење кој е наполнет со вода. На овој начин печете 15 минути.
  6. Извадете го садот со вода и намалете ја температурата во рерната на 230 степени. Печете дополнителни 15 минути.
  7. Оставете го лебот целосно да излади пред да го сервирате.

Повеќе детали погледнете во видеото:

Погледнете повеќе видеа со кулинарски рецепти, совети и трикови

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Ремек дело во кујната: Леб од банана

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Домашен леб со маслинки

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

15 Коментари

  1. Milutin

    Многу вкусно изгледа. Браво за идејата 🙂

  2. Pingback: Брзо лепче со лук, буковец и маслиново масло – Gotvi.mk

  3. Pingback: Имате бајат леб дома? – наместо да го фрлите направете деликатес – Gotvi.mk

  4. Pingback: Што навистина се случува со телото кога не јадеме леб? – Gotvi.mk

  5. Pingback: Направете пудинг од бајат леб – да можно е! – Gotvi.mk

  6. Pingback: Никој на светот не е алергичен на оваа намирница – Gotvi.mk

  7. Pingback: ВИДЕО РЕЦЕПТ: Совршено вкусен ручек за кога немате многу време – Gotvi.mk

  8. Pingback: ФОТО: Тијана меси лепче – Gotvi.mk

  9. Pingback: Во Македонија не се седнува на трпеза без леб: Еве како да јадете и слабеете – Gotvi.mk

  10. Pingback: Денеска е голем празник: Замесете јачменов леб – Gotvi.mk

  11. Pingback: Домашен леб со пиво – Gotvi.mk

  12. Pingback: Брзи лепињи без квасец – Gotvi.mk

  13. Pingback: Испијте го овој пијалок пред спиење – преку ноќ ќе стопи се што сте јаделе – Gotvi.mk

  14. Pingback: Мек домашен леб – Gotvi.mk

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*