Овошен колач со јагоди

Овошен колач со јагоди

Не ја пропуштајте сезоната на јагоди и згответе нешто вкусно. Gotvi.mk предлог е да приготвите неодоливо вкусен и освежителен овошен колач со јагоди по рецепт на Гордана.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја јогурт
  • 1/2 шолја зејтин
  • 1 шолја брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 кг јагоди (или друго овошје по желба)
  • 1/2 литар млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 3 белки
  • 150 гр шеќер

Начин на готвење:

  1. Во посебен сад се матат јајцата со шеќерот. Откако убаво ќе се изматат се додаваат јогуртот, зејтинот, брашното , прашокот за печиво и ванилинот шеќер.
  2. Убаво се промешува и се става во набрашнето тавче да се пече 20-30мин на 180 степени.
  3. Откако ќе се испече и олади врз тестото се редат јагодите пресечени на половина.
  4. Пудинзите ги вариме во млекото според упатството на кесичката.
  5. Откако ќе се излади пудингот се става врз јагодите.
  6. На оган во тенџере ставаме 150 гр шеќер и залеваме со малку вода. Оставаме да врие за да се добие густ шербет. Во посебен сад ги матиме белките постепено додавајќи од шербетот. Матиме додека на добиеме цврст шам. На крај шамот го додаваме врз колачот.
  7. Оставаме убаво да се излади во фрижидер и послужуваме украсено со јагоди како на фотографијата.

На здравје!

Поврзани Gotvi.mk рецепти:

Колач со афион

Колач со печени јаболка

Неговото височество: Топло – ладен колач

Вкусни колачи кои се прават без брашно

Куглоф колач

Милиброд по едноставен, а многу вкусен рецепт

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

singlepost_text