Најдобар рецепт за домашно ќофте

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Ќофтињата се навистина неодолив деликатес. Сепак, нема ништо повкусно од домашно приготвено ќофте 🙂 Прочитајте го речептот на Ана:

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 рендан кромид на најситна страна од рендето
  • 1 рендан морков
  • 3 чешниња рендан лук
  • една рака презла
  • 1 јајце
  • 1 сечкано младо кромитче (само зелениот дел)

Начин на готвење:

  1. Ставете ги сите состојки во длабок сад и убаво измешајте со раце.
  2. Кога ќе добиете компактна смеса, формирајте ќофтиња. Големината на ќофтињата направете ја по ваш вкус.
  3. Печете ги на скара, а доколку ви е полесно може и да ги испржите.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

СОВЕТ: Како да направите добра маринада за скара на жар

9 совети за вкусна и сочна скара

Зеленчук на скара