Брзи макарони со зеленчук

Брзи макарони со зеленчук

Веќе сè е во знакот на пролетта 🙂 Задолжително пробајте го овој одличен рецепт кој ни го праќа Сања.

Состојки:

  • 400 гр макарони
  • 350 гр печурки
  • 1 тиквичка
  • 2 пиперки
  • млад кромид
  • магдонос
  • босилек
  • масло

Начин на готвење:

  1. Ставете ги макароните да се варат според упатството на кесичката.
  2. Убаво измиени и исечени на парчиња, тиквичката и пиперките ставете ги да се пржат на загреано масло.
  3. За да добиете подобар вкус во тавчето додадете малку босилек, магдонос и млад кромид.
  4. Исцедете ги сварените макарони и додадете ги кај зеленчукот.
  5. Пржете на средна температура уште неколку минути.

Сервирајте по желба, а доколку не постите или не практикувате вегетаријанска исхрана додадете парчиња кашкавал или пармезан.

На здравје!

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Макарони болоњезе

Неодоливи посни макарони

Макарони салата

Макарони во бел сос

Макарони со сланина

Канелони болоњезе

„Mac and Cheese“ како домашен специјалитет