Полнет пилешки стек

Полнет пилешки стек

Навистина вкусна идеја за денешниот ручек. Полнет пилешки стек по рецепт кој сите ќе го обожаваат. Еве како да го направите:

Состојки:

  • 4 парчиња пилешки стек
  • 200 гр сирење
  • 4 парчиња Пекабеско шунка
  • млад кромид
  • сенф
  • јајца
  • брашно
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Секое парче стек засечете го на средина, отворете го и намачкајте го со малку масло, сенф и зачини.
  2. Кромидот измијте го и исечете го на помали парчиња.
  3. На едната половина од стекот ставете парче сирење, шунка и малку од исечканиот млад кромид и преклопете со другата половина. Ние употребивме шунка на Пекабеско.
  4. Парчето стек поминете го прво во брашно, потоа во изматено јајце и ставете го да пржи во загреано масло.
  5. Како гарнир можете да додадете варен компир или ориз.

На здравје!

Прочитајте поврзани Gotvi.mk рецепти:

Маринирани пилешки ражниќи

ВИДЕО: Неверојатно добар рецепт за пилешки кесадиљас

Шпагети со гриловано пилешко и песто сос

ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук

Специјалитет: Похoван и печен пилешки стек

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

singlepost_text