Маринирани пилешки ражниќи

Маринирани пилешки ражниќи

Ражниќите или уште повеќе познати како ражничи се вистински специјалитет не само поради сочниот вкус на скара и еднаквото потпекување од сите страни, туку и поради уникатниот изглед и начин на сервирање 🙂

Денес готвиме маринирани пилешки ражниќи по рецепт на Ана. Брзо, вкусно и едноставно:

Состојки и начин на готвење:

  1. Потребно ни е околу 500 гр пилешки стек/бело месо.
  2. Месото го го посолуваме и оставаме така да отстои од претходната вечер.
  3. Пред печењето, следниот ден, го сечеме на коцки и го зачинуваме со лимонов сок, бибер, кумин, соја и малку мед.
  4. Парчињата месо ги набодуваме на стапче за ражниќ и печеме на скара по вкус.
  5. Сервирате со прилог по желба. Ана го сервирала месото со зеленчук потпечен на скара.

Практично, нели? На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

СОВЕТ: Како да направите добра маринада за скара на жар

9 совети за вкусна и сочна скара

Шпагети со гриловано пилешко и песто сос

ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Пилешко во кари сос

Турли тава со пилешко месо

Печени тиквички со пилешко месо и зеленчук