Роденден, прослава, било кој повод… ви требаат неколку состојки и десетина минути за да направите неодолива surprise торта. Изадувајте ги другите и бидете позитивни 🙂
Состојки:
- 2 кесички пудинг од ванила
- 125 гр маргарин
- 200 гр шеќер во прав
- 300 гр мелени бисквити
- 5 лаж кокос
- 3 банани
- 1 шлаг за украсување
Начин на подготовка:
- Направете го пудингот во 6 децилитри вода и оставете го да се олади.
- Откако ќе се излади, додадете го маргаринот кој претходно сте го изматиле со шеќерот во прав. Промешајте додека да добиете компактна смеса.
- Потоа додадете ги кокосот, мелените бисквити и бананите исечкани на кругови. Сè измешајте и обликувајте торта, која ќе ја премачкате со шлаг. По желба одозгора можете да изрендате и чоколадо.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот