Милиброд по едноставен, а многу вкусен рецепт

Милиброд по едноставен, а многу вкусен рецепт

Милибродот направен по овој рецепт буквално се топи во уста. Многу вкусно и едноставно, а финалниот резултат е среќа и задоволство на лицата на оние кои ќе пробаат макар и половина парче 🙂

Состојки:

  • 750 гр брашно
  • 350 мл млеко
  • 150 мл масло за готвење
  • 180 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 свеж квасец
  • 300 – 500 гр мармалад по вкус

Directions

  1. Place your list items here

Начин на готвење:

  1. Ставете го квасецот да нарасне со по 1 лажица шеќер и брашно и 2-3 лажици млеко.
  2. Во посебен сад се ставаат сите состојки освен квасецот и мармаладот. Се додава нараснатиот квасец.
  3. Се замесува тесто и се остава околу 30 минути на нарасне. Потоа, се меси уште еднаш и се дели на 3 еднакви дела. Секој дел се расукува како кора и се премачкува со мармалад.
  4. Од добиените кори се формираат ролати  кои се ставаат во претходно премачкан плех со масло за јадење и се остават уште 20 минути да нараснат.
  5. Потоа се премачкуваат со разматена жолчка и се посипуваат со шеќер. Ролатите се печат 40 минути на температура од 180 степени.

На здравје!

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Милиброд од интегрално брашно

Куглоф колач

Бомбици од пченица

Џиновска блага палачинка

Чоко кокос коцки

Палачинки за 3 минути

Неговото височество: Топло – ладен колач