Крем супа со брокула и моцарела

Крем супа со брокула и моцарела

Кој е љубител на топлите супи или чорби, овој рецепт на Ана мора да го проба. Еве како да ја приготвите крем супата со брокула и моцарела.

Состојки:

  • 1 китка брокула
  • 2 парчиња морков
  • 1 крем супа од печурки
  • 300 гр пченка
  • 1 кромид
  • 400 гр печурки
  • сол
  • тврда моцарела или кашкавал

Начин на готвење:

  1. Зеленчукот го миеме, лупиме и ставаме во вода да се вари околу 15 минути.
  2. Во друг сад вариме крем супа од печурки според упатството на кесичката.
  3. Сварениот зеленчук го блендираме и го додаваме заедно со супата од печурки. Вариме уште 5 минути.
  4. Крем супата ја зачинуваме по желба.
  5. Сервираме во чинија за супа и додаваме изрендана моцарела или кашкавал. Количината е по желба.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Супа од зеленчук за намалување на килограми

Зеленчукова супа

Крем супа од моркови

Телешка супа со куркума и брокула

Мисиркина супа со јајце

Пролетна супа

Јагнешка чорба по традиционален рецепт

Крем чорба од тиква и компири