Брзи традиционални бомбици

Брзи традиционални бомбици

Гордана вели дека овој рецепт е идеален кога сакате да ги изненадите вашите најблиски со нешто слатко на трпезата. Еве го нејзиниот рецепт:

Состојки:

  • 300 гр мелени ореви
  • 250 гр мелени бисквити
  • 250 гр шеќер во прав
  • 125 гр путер
  • 1 јајце
  • 1 портокал цеден
  • 2 лажици рум
  • кокос / мелени ореви

Начин на готвење:

  1. Во сад за матење со миксер се ставаат путерот, јајцето и шеќерот во прав. Се матат пенасто околу 10 минути.
  2. Откако пенасто ќе се изматат се додаваат сите останати состојки.
  3. Се меша со лажица додека да се добие компатна смеса по што смесата се остава околу 2 часа во фрижидер да отстои.
  4. Формираме топчиња и убаво ги поминуваме во смесата со мелени ореви или кокос.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Бомбици од пченица

Чоколадни топчиња што се топат во уста

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Најдобар рецепт за домашен чизкејк

Шлаг од јагоди – вистински пролетен специјалитет

singlepost_text