Зелена салата со сирење и џем од јагоди

Зелена салата со сирење и џем од јагоди

Можеби ќе ви звучи на прв поглед необично, но ние го испробавме овој рецепт на Ана и навистина оваа салата има неодолив вкус. Еве како да ја направите:

Состојки:

  • 5 големи листови зелена салата
  • 1 краставица
  • 1 полна дланка рукола
  • 2 оревчиња
  • 2 парчиња козјо биено сирење
  • 1 супена лажица домашен џем од јагоди

Начин на подготовка:

  1. Краставицата, зелената салата и руколата се мијат и сецкаат. Зачинете ги по вкус. Ана ја зачинува оваа салата со соја сос и маслиново масло.
  2. Сирењето се сецка на коцки и на секоја коцка се става по малку џем од јагоди.
  3. Коцките сирење се редат врз зелената салата.
  4. На крај додадете ги оревчињата искршени надолжно на четвртинки.

Имајте добар апетит 🙂

Еве како треба правилно да се мие зелената салата

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Салата Примавера

ПОСНО: Свежа пролетна салата

Енергетска салата

Цезар салата

Свежа салата со моцарела

Освежителна салата

Како да ја подготвите превкусната Рукола салата со шери домати?

 

singlepost_text