ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Какво мезе за со пиво или со одличен спортски натпревар 🙂

Еве што е потребно за 20 крокети:

Состојки:

  • 2 средни компири
  • 100 гр путер на собна температура
  • 2 жолчки
  • брашно
  • јајца
  • презла
  • зачини
  • маслиново масло

Начин на готвење:

  1. Сварете ги компирите и излупете ги. Потоа испасирајте ги и додадете го путерот и жолчките, па зачинете. Измешајте додека не добиете компактна смеса по што оставете ја во фрижидер да се лади околу 2 часа.
  2. Со лажица формирајте топчиња кои убаво ќе ги поминете во брашно, јајца и презла.
  3. Пржете во загреано маслиново масло за готвење. Исцедеги од вишокот масло на салфетка.

Останатите детали погледнете ги во видеото:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Шпагети во бешамел сос – одлично мезе со фудбал и пиво

Брзо мезе за ненајавени гости

Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Брзи друштвени тортиљи за 5 минути

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Ќофтиња од тиквица