Шпагети со гриловано пилешко и песто сос

Шпагети со гриловано пилешко и песто сос

Ова е одличен специјалитет кој мошне едноставно се приготвува, вели Илија кој ни го испраќа рецептот. Многу често, кога ќе ми се најават гости, го готвам ова јадење и резултатот е секогаш воодушевување и убаво најадени гости, вели тој 🙂

Состојки:

  • 1 пакување шпагети
  • 350 гр пилешки стек
  • 1 тегла песто сос
  • 150 гр пармезан

Начин на готвење:

  1. Шпагетите ставете ги да се варат според упатството на кесичката.
  2. Пилешкото месо исечкајте го на ситни коцки и печете го со малку масло за готвење во грил тава додека да порумени. Додајте го песто сосот и убаво промешајте околу 2 минути.
  3. Исцедете ги шпагетите и сервирајте во чинии.
  4. Во секоја чинија ставете ги прво шпагетите и одозгора нанесете од грилованото пилешко помешано со песто сосот.
  5. Најодозгора посипете со пармезан или рендан кашкавал.

На здравје!

Прочитај и:

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Шпагети aлполи

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо