Пирош пита

Пирош пита

Иако не знаеме по што го добила своето име, пирош питата е вистински деликатес на кој тешко дека ќе му одолеете.

Состојки:

  • 500 гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 250 гр варен компир
  • 1/2 кафена лажичка сол
  • 1/2 кафена лажичка шеќер
  • 1/2 коцка квасец
  • 2 јајца
  • 125 гр маргарин
  • 200 мл млеко
  • 300 гр мелено јунешко или мешано месо
  • 1 главица кромид

Начин на подготовка:

  1. Во еден сад се става да нарасне квасецот заедно со млекото и шеќерот.
  2. Во друг сад се замесува тесто со брашното, маргаринот,  варениот компир кој е претходно испасиран, 2 жолчки. Потоа се додава млекото со квасецот додека не се добие хомогена смеса.
  3. Се чека тестото да надојде и потоа се дели на три дела. Две третини од тестото се прават во форма на кора и се става во подмачкан плех со масло кој е наросен со брашно.
  4. Од останатата третина се расукува кора и се сече на ленти.
  5. Филот се подготвува така што се пржи месото со ситно исечканиот кромид. На крај, во филот се додаваат и двете белки. Се распределува над тестото во плехот
  6. Третината од тестото која е исечена на ленти наредете ја над филот со цел да формирате коцки. Пред да се стави на печење лентите одозгора се премачкуваат со жолчка помешана со малку масло.
  7. Се пече околу 40 минути на температура од 200 степени.

 

Уживајте во вкусот на оваа неодолива пита!

Екстра бело брашно тип 400 Жито Лукс

singlepost_text