Полнето лепче

Полнето лепче

Одличен и брз специјалитет за кој рецептот ни го праќа Ана. Прочитајте што ви е потребно:

Состојки:

  • 1 кружен леб
  • 1 врзоп блитва
  • 1 врзоп млад кромид
  • 150 гр урда
  • 4 парчиња моцарела кашкавал
  • кравји кашкавал

Начин на готвење:

  1. Се сече врвот на лебот и му се длаби срцевината.
  2. Потоа, срцевината од лебот се става во смесата од сецкана обарена блитва, сецканиот млад кромид и урдата. Оваа мешавина се зачинува со сол и бибер.
  3. Оваа смеса се става во лебот, врз неа се редат моцарелата, ренданиот кашкавал и едно јајце.
  4. Вака подготвено се пече во претходно загреана рерна на 250 степени додека не биде испечено јајцето. Одгоре се става капакот од лепчето што е печено заедно со сусамот.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Свечена погача

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Домашен леб со маслинки

Домашниот леб на мајче Вера

Ремек дело во кујната: Леб од банана