Јагнешка чорба по традиционален рецепт

Јагнешка чорба по традиционален рецепт

Навистина многу вкусен рецепт на баба Мира за подготовка на традиционална јагнешка чорба. Задолжително прочитајте го:

Состојки:

  •  2 јагнешки глави (или ребра со месо)
  • 1 главица кромид
  • 2 јајца
  • 250 мл кисело млеко
  • 3 лажици брашно
  • масло за јадење
  • сол и црн бибер
  • магдонос

Начин на готвење:

  1. Во поголемо тенџере се варат главите (месото) со 1 главица кромид и сол сè додека целосно се сварат. Го отстрануваме кромидот, а главите се чистат од коски и отпадоци, додека да остане само месото кое се враќа во водата во која се остава да се варат.
  2. Во меѓувреме направете ја запршката на следниот начин: на малку масло за јадење се пропржуваат 3 лажици брашно додека да порумени, по што се додава малку од водата во која се вареа главите (месото). Се промешува на оган и целата смеса се става во тенџерето со исчистеното месо кое се вари на тивок оган.
  3. На самиот крај додека чорбата сеуште е на оган, додаваме 2 матени јајца со 250 мл кисело млеко. Се промешува сè, додаваме магдонос и вегета по вкус по што чорбата е спремна е да се послужи.

На здравје!

СОВЕТ: Доколку сакате чорбата да биде погуста, додадете повеќе кисело млеко.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Супа од зеленчук за намалување на килограми

Рибја чорба

Телешка чорба со домашно лепче

Крем чорба од тиква и компири

Пролетна супа

Посна чорба која е неодоливо вкусна

Крем супа од моркови

singlepost_text