Макарони болоњезе

Макарони болоњезе

Ана вели дека често ги приготвува овие макарони бидејќи освен што се многу вкусни, се и сочни и имаат богат вкус.

Состојки:

  • 500 гр макарони
  • 500 гр мелено месо
  • 1 поголем кромид
  • 2 моркова
  • 3 чешниња лук
  • магдонос по желба
  • куркума
  • црн бибер
  • мајчина душица
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Во посебно тенџере се варат макароните.
  2. Во друг сад се пропржува ситно сецканиот кромид, лук и ренданите моркови. Откако кромидот ќе добие кристална боја се додава меленото месо. Кога месото ќе биде испржено се додаваат сите зачини.
  3. Послужување: во рамен сад се ставаат 2 црпалки макарони. Врз нив се нанесува месото. Месото го прелеваме со домашна салца. Декорираме со кашкавал по вкус.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Неодоливи посни макарони

Макарони салата

Макарони во бел сос

Макарони со сланина

Канелони болоњезе