Проја

Проја

Најдобриот рецепт за вкусна домашна проја.

Состојки:

  • 1 чаша Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 3 јајца
  • 1 чаша млеко
  • 1/2 чаша кисела вода
  • 2 чаши пченкарно брашно
  • 1/2 чаша масло за јадење
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 200 гр рендано сирење
  • сол по вкус
  • 150 гр ситно исечкан праз

Начин на подготовка:

  1. Јајцата се матат, постепено се додаваат млекото, маслото за јадење, киселата вода, двете брашна измешани со прапокот за печиво, солта и на крај сирењето и празот.
  2. Се мешаат додека се изедначи смесата.
  3. Се истура во подмачкан плех и се пече на 220°С, 30 до 40 минути.

Добар апетит!

Екстра бело брашно тип 400 Жито Лукс