Еве како треба правилно да се мие зелената салата

Еве како треба правилно да се мие зелената салата

Мијалникот се полни со ладна вода се ставаат листовите марула.

Во водата се додава 1 супена лажица сода бикарбона и малку оцет. Се остава да киснат листовите околу 15 минути.

Се вадат од водата, се испушта валканата вода и повторно се полни мијалникот со чиста ладна вода.

Листовите киснат околу 5 минути. Се испушта водата и почнувате посебно да миете лист по лист. Се ставаат во цедалка, се тресат убаво и така процедени листовите се редат во вангла во која дополнително ќе се цедат.

По некое време, листовите се ставаат во сад со капак и така можете во фрижидер да ја чувате зелената салата свежа и повеќе од недела дена.

Прочитај и поврзани Gotvi.mk кулинарски совети и рецепти:

ВИДЕО: Како да излупиме лук, јајце, банана и компир за 5 секунди?

ВИДЕО: Посно и брзо – Како да направите домашен хумус намаз

ВИДЕО: Како да излупите портокал за 15 секунди

Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна

ВИДЕО: Еве како да согорите 200 калории за 20 минути

Вистинска кафе уметност – Како да направите фигури со лате пена?

ВИДЕО: Како да направите украсна спирала од јаболко