Овошно суши

Овошно суши

Несекојдневен и многу вкусен рецепт на Кате кој ја има Gotvi.mk препораката. Еве што ви е потребно за да го направите:

Состојки:

  • 5 супени лажици ориз
  • 1 пакување ванилин шеќер
  • 2 лажици млеко
  • малку кокосово масло
  • јагоди
  • банана
  • листови спанаќ

Начин на подготовка:

  1. Оризот измијте го и ставете го на тивок оган да се вари.
  2. Откако ќе биде готов исцедете го, додадете му малку кокосово масло, млеко и ванилин шеќер.
  3. Ставете ги сите состојки во тавче и мешајте ги на тивок оган околу 5 минути.
  4. Откако убаво ќе се олади оризот и ќе биде сосема сув (без течности), подгответе се за правење на фигури.
  5. Потребна е фолија за готвење на која ќе го нанесете оризот, додајте исечкани парчиња јагоди и банана и мотајте го како ролат.
  6. Ролатот од ориз исечете го на кругови и декорирајте го со листови од спанаќ како на фотографијата.

ИДЕЈА: Со ова овошно суши одлично оди сос кој можете сами да го приготвите. Потребни ви се неколку јагоди и 2 лажици мед. Ставете ги во блендер и ќе добиете вкусен сос кој прави совршена комбинација со ова овошно суши.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Јапонски специјалитет – Сашими со димен лосос

ВИДЕО: Направете фантастичен суфле чизкејк со 3 состојки

Супер брзи овошни тортиљи

ВИДЕО: 4 магични трикови со овошје

Егзотичен сутлијаш