Научете да готвите со професионални готвачи

Научете да готвите со професионални готвачи

Здружението за социјални иновации „АРНО“ денес го промовираше почетокот на иницијативата „Часови за готвење“ која се спроведува во соработка со средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“ и реномирани готвачи.

Иницијативата е наградена за социјално претприемништво – Social Impact Award. Во текот на месец мај, учесниците ќе имаат шанса да научат сами да приготват пад таи, пржен сладолед, модерен таратор, овошна баклава, шкотски стек и други специјалитети со инструкции од готвачите: Марк де Јонг, Никола Мишковски (ресторан „Камник“), Маре Јаневска (Британска амбасада), Лимонка Арсовска (професор во СУГС „Лазар Танев“), Ацо Божиновски (ресторан „Ла Тераца“) и Филип Поповски (#ГотвимесоФичо).

Часовите ќе се одржуваат во опремените простории на училиштето , каде секој самостојно ќе ги подготвува рецептите од часот. За да стекнат нови кулинарски вештини, заинтересираните ќе можат да купат ваучери преку платформата Брејнстер.

Со секој купен ваучер учесниците добиваат брендирана престилка и дрвена лажица, намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90+ минути исполнет со дружење и забава, инструкции од искусни гастро-шефови и помош од учениците-готвачи, и секако, можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое сами го приготвиле.

Општествено одговорните компании, секој мал, среден или голем бизнис, кои сакаат да им понудат забава и тим-билдинг активност на своите вработени ќе може да откупат посебен час за нив.

На часовите за готвење, за продажба ќе бидат изложени и неколку кујнски престилки изработени од учениците на средното текстилно училиште „Кочо Рацин“ и кујнски даски доработени од страна на учениците од СУГС „Георги Димитров“. Сите остварени средства од иницијативата ќе бидат реинвестирани во учениците преку испорака на обуки за подобрување на нивната мотивација и вештини потребни за пазарот на труд.

Часови за готвење АРНО и Угостителско Лазар Танев

„Часовите за готвење денес се вистинска потреба. Ако некогаш учевме од своите мајки и баби без конкретни рецепти, сега имаме шанса да учиме од професионалци, да експериментираме и да истражуваме кујни, исхрана итн. Ова е пилот-иницијатива на „АРНО“ со која го тестираме пазарот, интересот на граѓаните и пробуваме да промовираме социјално претприемништво како наш одговор за намалување на младинска невработеност. Готвењето е катарзично, професијата е барана, и нашата крајна цел е тоа што побргу да го сфатат учениците-готвачи.Остварениот профит ќе биде реинвестиран за обуки за подобрување на вештините на учениците и нивна мотивација“, изјави Ирина Јаневска, координаторка во Здружението АРНО.

„Ова е одлична иницијатива затоа што навистина е cool да си coolinar. Јас бев ученик –готвач и сум дел од првата генерација на coolinari. Со претходниот проект сфатив дека можам многу да напредувам, се вработив во неколку ресторани, а сега сум асистент на овој проект затоа што сакам да ги мотивирам учениците од училиштето – да им ја раскажам мојата приказна, а сакам и да ги запознаам познатите готвачи, да учам трикови и совети лично од нив“, истакна за Gotvi.mk Антонио Ѓорѓиевски, асистент на проектот coolinari.mk.

18 Коментари

  1. Pingback: Часови за готвење: Азиска кујна – научете како да зготвите Pad Thai и пржена банана – Gotvi.mk

  2. Pingback: Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо – Gotvi.mk

  3. Pingback: Дресинг за Шеф салата – Gotvi.mk

  4. Pingback: Pad Thai со пилешко – Gotvi.mk

  5. Pingback: Пржена банана – Gotvi.mk

  6. Pingback: Часови за готвење: Француска кујна – научете како се готват рукола салата со пилешко и телешко месо во… – Gotvi.mk

  7. Pingback: Часови за готвење: Италијанска кујна – научете како се готват таљатели на италијански начин и шеф салата – Gotvi.mk

  8. Pingback: Таљатели со зеленчук – Gotvi.mk

  9. Pingback: Шеф салата – Gotvi.mk

  10. Pingback: Рости од компир – Gotvi.mk

  11. Pingback: Полнети тиквици – Gotvi.mk

  12. Pingback: Салата со рукола и пилешко – Gotvi.mk

  13. Pingback: Сос од сенф и мед – Gotvi.mk

  14. Pingback: Салата со брокула која ќе ја правите секој ден – Gotvi.mk

  15. Pingback: Таратур или ѕаѕики? – Gotvi.mk

  16. Pingback: Крем супа од зеленчук – Gotvi.mk

  17. Pingback: Турли тава по најдобар рецепт – Gotvi.mk

  18. Pingback: Полнети тиквички по најдобар рецепт – Gotvi.mk

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*